Изведбата на водоводниот систем во Сушица се реализира со средства што општина Ново Село ги има обезбедено од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој но и со средства од сопствениот Буџет. Целата инвестиција чини околу 360 илјади евра и според склучениот договор изградбата на целиот систем треба да заврши во рок од една година или најдоца до почетокот на идната година.