Општина Конче ќе гради уште една куќичка на дрво. Во близина на старата наскоро ќе никне уште една куќичка, која ќе биде вистинска и привлечна атракција за туристите. Изградена на буково стебло со уникатен стил, прозорци и врати, љубителите на природа ќе имаат можност да ја изнајмуваат и оваа куќичка, која ќе ги нуди сите потребни услови за престој на посетителите.
Општина Конче веќе го развива селскиот, планинскиот но и ловниот туризам. Сите оние што ќе ја посетат оваа општина, навистина ќе уживаат во убавините што ги нуди истата. Во меѓувреме, како што рече градоначалникот Благоја Јованов, се работи и на уште еден проект „Мојот роден крај“.
Општина Конче станува атрактивна дестинација и поради новите три влашки колиби и првиот мотел кои наскоро ќе никнат кај езерото Мантово.