• Fri. Nov 22nd, 2024

ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ЌЕ ГО СТИПЕНДИРА И ПОДДРЖУВА МЛАДИОТ ИНФОРМАТИЧАР МАРТИН ДИНЕВ

Младиот информатичар Мартин Динев од селото Пирава, ученик при СОУ Никола Карев денеска беше примен од градоначалникот на Валандово Перо Костадинов откако изминатиов месец се закити со злато и сребро на меѓународниот натпревар во Барселона Шпанија. Динев со години е  меѓу најдобрите  во областа на информатиката и математиката во земјава  а високи резултати постигнува и на балканските и меѓународни натпреварувања.

Динев е ученик во електротехничката струка, профил техничар за компјутерска техника и автоматика и важи за огромен потенцијал во комјутерската техника и програмирање  на национално и меѓународно ниво за што сведочат многубројните награди и медали

На средбата во кабинетот на градоначалникот,  младиот Мартин го информираше првиот човек на Валандово за неговите успеси и претстојните натпревари што го очекуваат.

,, Горди сме што како општина имаме вакви таленти во кои несомнено треба да се вложува. Како општина ќе застанеме на секој негов научен предизвик. Му подаривме преносен компјутер неопходен за понатамошна негова едукација.  Ќе го поддржеме  неговото учество на меѓународниот натпревар во Јапонија кој важи за собир на најдобрите информатичари и програмери од целиот свет. Паралелно општината и ќе го стипендира овој талент,, ни изјави градоначалникот Костадинов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *