Општина Босилово ги известува корисниците на системите за водоснабдување дека поради недостигот на дотур на вода и високите температури нивото на водата во сите зафати е намалено. Затоа ги замолува рационално да ја користат водата од водоснабдителните системи односно да се намали интензитетот на вадење на зелени површини и да се внимава без потреба да не истекува водата.
Граѓаните кои несовесно и нерационално ќе ја трошат водата за пиење од водоснабдителните системи ќе бидат опоменети од страна на надлежните инспектори.
Доколку се забележат дефекти од водоснабдителните системи навремено да се пријават во ЈПКД „Огражден“ Босилово.