На 23 април во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица се одржа Државното првенство во ФУТСАЛ за основни училишта во машка конкуренција, кое свечено за отворено го прогласи градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, а од името на Федерацијата на училишен спорт на Македонија учесниците ги поздрави потпретседателот на ФУСМ Славчо Давитковски.
На полуфиналните натпревари беа постигнати следните резултати:
„Димитар Влахов“ Штип – „Св.Климент Охридски“ Македонски Брод 4 : 2
„Св. Кирил и Методиј“ Дабиле – „Ѓорѓија Пулевски“ Скопје 7 : 1.
Натпревар за 3-4 место:
„Св. Климент Охридски“ Македонски Брод – „Ѓорѓија Пулевски“ Скопје 5 : 0
Ф и н а л е
„Димитар Влахов“ Штип – „Св.Кирил и Методиј“ Дабиле 1 : 5.
Државен првак во футсал за основни училишта во машка конкуренција стана екипата на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од с. Дабиле Струмица предводена од наставничката Наталија Пецанова.