• Thu. Nov 28th, 2024

ООУ„Никола Вапцаров“со проект: – Инклузија на децата надвор од образовниот процес

„Инклузија на децата надвор од образовниот процес“е проектот кој покрај 17те општини од земјава се реализира денес и во Струмица, односно во ООУ„Никола Вапцаров.На интересен начин преку игра во корелација со учениците , родителите и наставниот кадар беше испратена порака.Именно , целта на проектот е да се обезбеди поддршка во остварување на приоритетот од Стратегијата за образование на Македонија за 2018-2025, кој се однесува на зголемување на опфатот на учениците и подобрување на инклузивноста во основното образование, преку воведување на одржлив модел за идентификација на училишните обврзници и нивно следење до завршување на задолжителното образование.

Родителите се вклучија во активностите на проектот и се надеваат инклузијата на децата во образовниот процес не треба и несмее да има бариери.

Во рамки на проектот, а во соработка со МОН, околу 300 деца кои се надвор од училиште, а кои живеат во социјално загрозени семејства, ќе добијат стипендија и поддршка при запишување во училиште, со што ќе им се помогне на семејствата да им овозможат школување на своите деца. Ќе се реализираат и активности кои ќе ја зајакнат соработката помеѓу училиштата и родителите со цел да се осигура дека децата ќе ја добијат неопходната поддршка во текот на нивното школување – и да останат во училиште, но и подобро да го совладаат наставниот материјал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *