Одбојкарите на Струмица не си дозволија нова грешка на домашен терен како пред недела дена. Во третиот финален меч за освојување на шампионската титула против Вардар во Партизан славеа со 3:1 во сетови.. Ова е втора победа на избраниците на Кире Ричлиев кои за да го кренат шампионскиот пехар им е потребна уште една.
Струмичани во првиот меч дома беа поразени со 3:0 при што на вардарци им дозволија пол позиција. Но во Скопје струмичани се надминаа себе си и од негатива од 2 сета стаса до лавовска победа на црвеноцрните славејки со 3:2.
Следното коло ОК Струмица му гостува на Вардар и со евентуална победа се враќа со нов шампионски пехар во најодбојкарскиот град во Македонија , во спротивно новиот шампион ќе се бара во Струмица.