• Wed. Nov 27th, 2024

околу 600 бегалците од Идомени се транспортирани кон внатрешноста на Грција.

Од вчера напладне грчките власти испратиле над 20 автобуси на кампот кај Идомени.Засега информациите се дека само околу 600 бегалци и мигранти кои се со недели во импровизираниот камп се транспортирани во камповите во Катерини и Вирија.Но сепак огромен е бројот кој остануваат пред македонската граница.Бегалец од Сирија вели:

,,Ние овде сме со денови.Од вчера веќе почнаа да пристигнуваат и автобуси кои ги носат луѓето во некои други кампови каде имало поголеми услови за престој.Јас доаѓам од Сирија и немам каде да се вратам назат.Повеќе членови од семјеството се веќе во Германија и јас по секоја цена ќе барам начин како да стигнам до таму.Ќе чекам да се отворат границите а дотогаш останувам овде,,

Контрадикторно на одлуката од последниот самит на ЕУ е денешната изјава на членови на УНХЦР кои велат дека никој нема да биде принудуван од бегалците да го напушти импровизираниот камп пред границата со земјава ќе заминат само оние кои сакаат да се вратат назат.

Трет ден траат протестите на бегалците внатре во кампот некои од нив започнаа и штрајк со глад,блокирана е и желизничката пруга вагоните не сообраќаат кон Македонија. Додека пак на само еден колометар од Идомени е кампот Винојуг на македонска страна таму во моментов има околу 80 бегалци и мигранти.Македонија ќе чека одлука од Унијата до кога овие луѓе ке останат на македонско тло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *