Општина Струмица и годинава со поддршка на невладиниот сектор,согласно законот за здруженија и фондации.
Утре и официјално ќе биде објавен Јавниот повик кој ќе започне со прибирање на проектите и програмите од областа на економскиот развој , културата, здравствената заштита , заштита и унапредување на животната средина, млади и младинските политики и од областа на социјаланата заштита.
ВО буџетот на општина Струмица за оваа година , во програмата G1 за поддршка на локален економски развој се планирани 3 милиони денари додека пак дополнителни 240 илјади денари ќе бидат на располагање во програмите за социјална заштита.
Финансиската поддршка ќе биде реаспределена согласно утврдените критериуми во рамките на законот за здруженија и фондации.Оние кои ќе бидат избрани и ќе добијат финасиска поддршка, своите проекти ќе треба да ги реализираат до крајот на годинава.