Радовиш и оваа година ќе биде домаќин на традиционалната и најмасовна манифестација „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ која ќе се одржи во деновите од 13 до 15 октомври, каде што посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини.
Од општината велат дека овие два бренда-самунот и татлијата и топлата гостопримливост на радовишани се можност да поканат уште повеќе гости кои ќе бидат дел од оваа традиционална манифестација.