• Sat. Nov 23rd, 2024

Од јуни започнува прскањето против комарци во Југоистокот

Центарот за развој на Југоисточниот плански развоен регион го објави јавниот повик за авионско прскање на територијата на сите десет општини, кои се дел од ЈИПР.

Како што е познато, последниве години авионското прскање за заштита од комарци се организира на двапати и тоа истовремено на територијата на сите десет општини во ЈИПР.

Се очекува постапката за избор на изведувач да заврши до 25 мај, а првото авионско прскање да биде во првата половина на јуни.

Претходно општина Гевгелија самостојно ќе организира теренско прскање против ларви од комарци. Во соработка со Центарот за здравје во Гевгелија веќе е извршен увид на теренот и површините кои ќе бидат третирани. Наскоро се очекува и да биде изведено заштитното лавриско прскање против комарци, кое ќе биде изведено на територијата на целата општина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *