• Sat. Nov 23rd, 2024

Од утре почнува обештетувањето на сточарите за „јазлеста кожа“

242 сточари на коишто во 2016 година им угина добитокот од болеста „јазлеста кожа“ од утре ќе бидат обештетени. Ова го објавија денеска од министерството за земјоделство по средбата на министерот Љупчо Николовски со директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.

Вкупниот износ за обештетување е 15 милиони денари. Обештетувањето ќе биде 100 проценти од проценетата вредност на угинатото животно, а до крајот на месецов ќе се заврши со исплатата.

Во струмичко угинаа околу 400 грла добиток, информираат ветеринарите. Повеќе од половината во атарот на селата  Иловица и Штука беа заболени од јазлеста кожа, и за кратко време сотре скоро третина од добиточниот фонд во селата. Оштетени беа околу 20-тина сточари.

Во делот на исплатата на субвенциите, министерот Николовски и директорот Бабовски, информираа дека досега се исплатени околу 92 милиони евра субвенции.За доисплата остануваат околу 4,5 милиони евра за 2016 година, што се дел од вкупно 100-те милиони евра пренесени обврски од претходни години

Инаку, на денешната средба соговорниците договориле кадровско екипирање на Платежната агенција, за поголема ефикасност и искористуваењ на средствата од ИПАРД програмата на Европската унија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *