Најдобрите две екипи во Првата машка лига една против друга и реприза на полуфиналните двојки од првенството кај дамите. Тоа еепилогот на ждрепката за полуфиналните натпревари на завршниот турнир ододбојкарскиот куп на Македонија. Во салата „Јасмин“ во Кавадарци, од 8-ми до10-ти април, најдобрите осум екипи во шампионатот сезонава, по четири во двете конкуренции,ќе се надмудруваат за престижниот пехар.
Првиот натпреварувачки ден ќе биде предвиден за полуфиналињата кај одбојкарите. Третопласираниот во лигата, Вардар, ќе игра противланскиот финалист Универзитет во Тетово, а Шкендија, која го крена пехарот во2011-та, а годинава е втора во првенството, ќе се сретне со бранителот надвојната круна Струмица 47&72. Најуспешниоттим кај нас во последната деценија се надева на осмиот куп-трофеј вопретходните десет изданија од ова натпреварување. В сабота кај дамите, минатогодишниотпобедник Јанта волеј Кисела вода ќе сервира против финалистот од 2019-та Наковски волеј, додека, пак, лидерот во лигата и најдбриот во купот пред три години, РаботничкиСкопје, ќе игра со Струмица жени. За разлика од лани, овој пат на завршниоттунир нема да биде екипата на Вардар жени која не успеа да влезе меѓу четирите најдобри, а кај мажите конкуренцијата е иста.
На трениот ден од настанот во Кавадарци, в неделана 10-ти април, се предвидени финалните натпревари. Сите шест ќе бидат емитувани на програмата на Македонската радиотелевизија.
Македонски одбојкарски куп (мажи), полуфинале (петок, 8.април)
16.00 Вардар – Универзитет во Тетово
19.00 Шкендија– Струмица 47&72
Македонски одбојкарски куп (жени), полуфинале (сабота, 9.април)
16.00 Јанта волеј Кисела вода – Наковски волеј
16.00 Струмицажени – Работнички Скопје
Македонски одбојкарски куп – (недела, 10.април)
16.00 ФИНАЛЕ (жени)
19.00 ФИНАЛЕ (мажи)