Од 19.9.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 90,50 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98 “- 92,50 (денара/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 87,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 48,268 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 0,50 денари/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ не се менува.
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,964 денари/кг и сега ќе изнесува 48,268 денари/кг.