Од полициски магацин украдени околу 50 разни бомби и друга запленета опрема.
Во Охрид, во Полициска станица на Граничната полиција при Регионален центар Запад вчера попладнето обиен е магацин и извршена е кражба на околу 50-ина разни бомби и друга запленета опрема, неофицијално дознава Нетпрес од полициски извори.
Утрово, според најавите, ќе се врши увид и ќе се утврдува што точно е изнесено од полицискиот магацин.
Извори од охрдиската полиција велат деја ека воопшто не се вршело обезбедување на магацините, и дека тоа било со аминување на Министерството за внатрешни работи.