• Sun. Nov 24th, 2024

Од наредната сезона бесплатни вакцини против грип за пензионерите.Лани во Струмица беа искористени 1700 вакцини

Вакцините против сезонскиот грип од наредната сезона ќе бидат бесплатни за пензионерите.Министерството за здравство пред следната сезона на грип,односно од наредната есен, планира да обезбеди 70.000 бесплатни вакцини за пензионери со просечна и потпросечна пензија.Бесплатните вакцини против грип, кои до сега се наплаќаа по 400 денари, ќе можат да ги искористат и лицата над 60 години, кои се’ уште немаат пензија, а се без или со ниски приходи. Ова е дел од пакетот поволности, што ги подготви Министерството.
Минатата сезона на вакцинацијата за рекордно време односно за околу една недела 1700 лица од струмичко валандовскиот регион биле вакцинирани против сезонски грип. Од центарот за јавно здравје во Струмица велат дека граѓаните годинава покажале поголем интерес поради што за кратко време биле искористени сите планирани и нарачани вакцини. Структурата на граѓани кои покажале интерес да се вакцинираат портив сезонскиот грип е различна, но најзастапени се возрасните над 65 години.
Од центарот за јавно здравје велат дека поради благо зголемениот интерес во однос на минатата година околу педесетина лица останале невакцинирани. Слична била состојбата и во останатите центри низ државата па токму затоа и не останал вишок на вакцини со кој би можела да се покрие бројката на оние граѓани кои покажале интерес. Следејќи ја ваквата состојба од струмичкиот центар за јавно здравје за иднина најавуваат зголемување на бројот на вакцините.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *