Во мајската сметка од Комуналец ќе биде засметана и новата тарифа за прочистување отпадни води во висина од 12 денари по потрошен кубен метар вода. Или ако едно четиричлено семејство троши околу 20 кубици вода, ќе треба да плати 240 денари за прочистување. Ако троши од 10-15 кубици, тогаш сумата ќе се движи од 120-150 денари.
Од ЈПКД Комуналец, велат дека не станува збор за покачување на цената на водата, туку воведување нова тарифа, која се воведува за одржливост на Пречистителната станица.
Ѓоргиев додава дека нема друг начин со кој може да се обезбеди рентабилно работење на станицата во која на секој саат се прочистуваат по 400 метри кубни отпадни води од Струмица.
Пречистителната станица во Струмица официјално беше пуштена во употреба во декември минатата година. Проектот е финансиран со средства од ЕУ преку Оперативната програма за регионален развој и чини 6,5 милиони евра.