• Sat. Nov 23rd, 2024

Од денес и официјално струмичкиот прволигаш се ребрендира во ФК Академија Пандев Брера Струмица

ByВане Трајков

Jun 26, 2023

По купувањето на 90 одсто од акциите на ФК„ Академија Пандев“ АД од страна на „Брера Холдинг ПЛЦ“ , ја информираме јавноста дека нашиот клуб од денес се ребрендира како ФК „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА“ АД. Преименувањето е во согласност со позитивната законска регулатива во земајва, откако во Собранието на клубот влегоа новите акционери, при што беше е избран нов Одбор на директори а за претседател е назначен ГОРАН ПАНДЕВ.

Согласно веќе донесените акти, новата сопственичка структура одлучи новото име да биде спој на досегашното со името на новите инвеститори како и на градот Струмица како локација и место од кое произлегоа плејада на квалитетни фудбалери познати на домашната и меѓународна сцена. Како клуб во иднина ќе настапуваме со кратенката ФК „АП Брера Струмица“ а за комерцијална употреба „Брера Струмица“.

Освен името се менува и официјалното лого на клубот. Во новото се додаваат боите на инвеститорот Брера, грбот на општина Струмица а составен дел ќе биде и досегашниот аблем на клубот при што на латинично писмо ќе пишува Брера Струмица.

Мисијата на ФК ,, АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА “ ќе биде градење на Фудбалски клуб според европските стандарди од организациски, стручен и комерцијален аспект. Фокусот ќе биде насочен кон градење на стабилен прв тим каде место ќе се даде на фудбалери од сопствените младински школи, инвестиции во младинските погони со организација и учество на силни турнири, подобра фудбалска инфраструктура, размена на искуства со познати европски фудбалски центри како и градење на квалитетни фудбалери со можност да бидат дел од големи фудбалски клубови во странство, но и соработка со сите останати фудбалски клубови од Струмица и Македонија.