• Mon. Nov 25th, 2024

Од денеска маски само во здравствени установи, јавен превоз и домови за стари лица

Од денеска маски само во здравствени установи, јавен превоз и домови за стари лица

Носењето заштитни маски во Македонија од денеска е обврска само во здравствените установи, јавниот превоз, аптеките, како и во домовите за стари лица и лица со посебни потреби. Владата вчера ја укина обврската за носење заштитни маски во затворени простории. „Иако е укинато носењето маски во затворени простории, Владата силно ја потврдува препораката на Комисијата за заразни болести маски да носат во затворени простории лица над 65 години, хронично болни и лица со намален имунитет“, се вели во соопштението.

Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, што ги усвои владата, укината е обврската за носење маски на часовите по физичко во средните училишта, како и забраната за организирање екскурзии и настава на отворено. „Меѓу мерките што се укинуваат е и мерката задолжителна изолација на лицата кои имале блиски контакти со позитивен тест за ковид-19“, се наведува во соопштението. Задолжителното носење заштитни маски на отворен простор во беше укинато на 1 јуни 2021 година, седум месеци по нејзиното воведување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *