• Fri. Nov 22nd, 2024

Од денеска, Валандово собира потписи за референдум

Валандово од денеска собира потписи за распишување на локален референдум. Жителите на општината кои што сакаат да ја стопираат работата на рудникот Казандол ќе мораат да поднесат сто потписи до подрачната канцеларија на Државната изборна комисија, за покренување на граѓанска иницијатива за распишување референдум. Во следната фаза тие ќе треба да соберат 2.000 потписи, односно 20% од вкупниот број гласачи во општината, со што ќе се обезбедат услови за одржување референдум. Жителите на Валандово оваа иницијатива ја надоврзуваат на онаа на соседите на Гевгелија, кои што први се побунија против отворање на рудици во југоистокот. Валандовчани велат дека егзистираат од земјоделие и сметаат дека нема место за тешка индустрија.

Пред четири дена, советот на општина Богданци едногласно одлучи да оди на референдум на 11 јуни со кој граѓаните ќе треба да се изјаснат за работата на рудникот во Казандол но и за отворање на други рудници во нивната околина. Тие најавија дека ќе се организираат и со другите општини и заедно ќе бараат државата да го стопира отворањето на рудници во југоисточниот регион, каде се активни десетина концесии за детални геолошки истражувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *