Од денес , 1 декември, стартува евтината дневна тарифа за домаќинствата. Ќе важи од 13 до 15 часот.
Проценките се дека едно семејство со просечна потрошувачка на струја на овој начин ќе може да заштеди околу 1.000 денари месечно.
„Оваа одлука е пазарен механизам затоа што преку ден цената за струја на берзите е до три пати поевтина отколку навечер и е практичен резултат на Елдрорадото на фотоволтаици“ – изјавуваат од РКЕ.
Инаку, и понатаму останува на сила и ефтината тарифа за електричната енергија од 22:00 до 07:00 часот следниот ден, што значи дека во текот на 24 часа граѓаните, домаќинствата имаат електрична енергија со евтина тарифа во траење од вкупно 11 часа.