• Sat. Nov 23rd, 2024

Од вечерва поскапуваат нафтените деривати

ByВане Трајков

May 26, 2020

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 8,50 отсто. 

Одвечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит и ќе изнесува 57,50 денари. 

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 денари за литар и со тоа малопродажните цени ќе изнесуваат: 59,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната ценана Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќеизнесува 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 ден/кг и ќе изнесува 23,427 ден/кг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *