• Sun. Nov 24th, 2024

Одобрени 2.450.615 денари за изградба на пречистителна станица во Моин

Владата донесе одлука од Програмата за рамномерен регионален развој на општина Гевгелија да и додели 2.450.615 денари за изградба на фекален колектор со пречистителна станица за отпадни води во Моин. На шест општини од Југоисточниот плански регион се одобрени вкупно 5.156.000 денари за подобрување на условите за живот во населените места. Средствата за развој на селата се наменети за општините Гевгелија, Валандово, Богданци, Ново село, Босилово и Струмица, а најголемиот дел од нив ќе бидат реализирани во општина Гевгелија.
Соизградбата на фекален колектор со пречистителна станица во Моин се заокружува целосно канализациониот систем во ова населено место, каде што претходно беше изградена канализациона мрежа. Покрај грантот, за реализација на овој проект општина Гевгелија обезбеди и сопствено учество. Со него општина Гевгелија аплицираше преку Југоисточниот плански регион на објавениот јавен повик од страна на Министерството за локална самоуправа.
По евалуацијата на апликациите одобрени се следните проекти за финансирање од Програмата зарамномерен регионален развој во 2019 година во Југоисточниот плански регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *