Југоисточниот плански регион известува дека се одложува првото прскање против возрасни комарци што требаше да се изврши на 10 и 11 јуни, 2020 година (среда и четврток), на територијата на сите општини во регионот. Во Гевгелија, прскањето требаше да се изврши во четврток, на 11 јуни.
Прскањето се одложува поради неповолни временски услови, т.е. појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното прво прскање против возрасни комарци, граѓаните од Југоисточниот регион ќе бидат дополнително известени.