Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка – SDC, а спроведуван од Програма за развој на обединетите нации – UNDP во општина Богданци се одржа првата форумска сесија од 5-те предвидени сесии од компонентата 2 која се однесува на Зајакнување на советите на општините преку финансиска поддршка (мали грантови) за приоритетни активности на општините што се избрани врз основа на јавни консултации.
Проектниот фонд кој е на располагање за општина Богданци во оваа компонента е 50.000 швајцарски франци. Средствата ќе бидат наменети за реализација на еден а најмногу до три проекти, кои ќе произлезат од форумските сесии, а треба да се реализираат до крајот на Декември 2020 година.
На сесијата присуствуваа 50 претставници од повеќе сектори и области од општина Богданци кои земаа активно учество во процесот.
Од првата форумска сесија произлегоа вкупно 10 предлог решенија, проектни идеи.