Македонската одбојкарска репрезентација денеска го почнува походот за пласман на европското првенство. Прв противник е селекцијата на Унгарија со која денеска во гости ќе ги одмерат силите. Дуелот почнува во 17,45 часот со пренос на националната МТВ. Во групата каде е македонската селекција се и репрезентациите на Швајцарија и Украина. Првопласираните од секоја група обезбедуваат пласман на европското што ќе се одржи во Белгија, Германија, Холандија и Словнија следната година. Право за учество имат и најдобрите пет второпласирани тимови
Во македонската одбојкарска селекција што треба да го изоди патот за ЕВРОПСКО се дури 8 струмичани сите од школата на ОК Струмица и Кирил Ричлиев и се очекува да бидат носители на играта на селекторто Матијашевиќ. Црвено-жолтито дрес го носат браќата Никола и Ѓорги Горгиеви, Владо Милев, Александар Љафтов, Филип Маџунков, Марјан Урдов, Васе Михаилопв и Славе Наков. Беше повикан и младиот Столе Илиев но заради повреда мораше да се откаже од квалификациите
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
15.08 🇹🇯️ – 🇲🇰️ (17:45) – МТВ
18.08 🇲🇰️ – 🇺🇦️ (20:30) – МТВ
22.08 🇲🇰️ – 🇨🇭️ (20:00)
25.08 🇨🇭️ – 🇲🇰️ (17:00)
??.?? 🇺🇦️ – 🇲🇰️ (??:??)
09.01 🇲🇰️ – 🇹🇯️ (??:??)