Кога љубовта кон одбојката, младешкиот жар дисциплината и почитта кон своите стратези ќе се соберат на едно место, тогаш резултатите не изостануваат. Одбојкарките на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ го освоија првото место во државна конкуренција. Во полуфиналето со победата над ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп со резултат од 2:0 во сетови се пласираа во финалето каде што играа со одбојкарките од ООУ „Горгија Пулевски“ од Скопје. Девојките имаа доста добар противник, но со последните сили и нивната борбеност успеаа да ја остварат нивната цел. Второто место го заземаа Скопјанките, а третото домаќините од Велес.