Одбојкарките на Наковски волеј славеа со 3:0 во сетови во реванш мечот од четвртфиналето од Купот против Јанта. Со ова победа избраничките на Хари Наковски се најдоа во завршницата од ова натпреварување односно во полуфиналето
Во првиот меч во Скопје, Наковски беше поразен со 3:2 во сетови но во салата при СОУ Димитар Влахов во полна сала, струмичанки не им дозволија на гостинките да освојат ниту сет.
Можен противник на струмичанки во полуфиналето може да бидат двата тима на Работнички од Скопје или полесниот тим Пелистер од Битола