Одбојкарите на Струмица го освоија КУПОТ на Македонија и докажаа дека се најдобриот одбојкарски клуб во земјава. Во драматично финале избраниците на Кире Ричлиев славеа со 3:2 во сетови, против Весна Пробиштип и го освоија златото во ова натпреварување.
Струмичани лошо го започнаа финалето дозволувајки одбојкарите на Пробиштип да поведат со 1:0. Но во продолжение благодарение на искусните Михаилов, Ричлиев и Илиев, струмичани направија резултатски пресврт за 2:1. Четвртиот сет повторно го добија противниците но во одлучувачкиот сет Струмица не дозволи изненадување добивајки го со 15:11 за конечни 3:2 и победа на струмичките момци
Ова е петта КУП титула за Струмица со што докажа дека е единствениот организиран одбојкарски клуб во машка конкуренција кој со години нема конкуренција на македонската сцена. По ова титула сега се насочуваат и кон Шампионското злато и добрана на титулата од лани