• Fri. Nov 22nd, 2024

Одбиена жалбата на судијката Лидија Неделкова за нејзиното разрешување

Советот за одлучување по жалби на Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата на судијката Лидија Неделкова за нејзиното разрешување од функцијата.

„Советот за одлучување по жалби расправаше по повод жалбата на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија  од 01.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција“, соопшти Врховниот суд.

На истата седница, Советот донесе одлука со која што жалбата ја одби како неоснована.

Судскиот совет едногласно ја разреши Неделкова поради ненавремено, немарно, несовесно извршување на нејзините работни обврски и повреда на Судскиот деловник односно Кодекс за судиска етика.

Нејзиното разрешување дојде по претставка на Јово Вангеловски, кој, исто така, беше разрешен од врховен судија, а беше и претседател на истиот суд

извор: makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *