• Mon. Nov 25th, 2024

Одбележан Меѓународниот ден на шахот во Струмица

ByЃ. K.

Jul 22, 2023

Децата кои играат шах ја подобруваат концентрацијата, меморијата, учат брзо да мислат, но и да бидат трпеливи. Многу придобивки од спортот што полека станува препознатлив во Струмица. Од шаховскиот клуб цареви кули велат дека се насочени кон најмладите, иако во клубот се добредојдени сите што го сакаат шахот.

Да се помине квалитетно време без паметните уреди. Тоа беше целта и на настанот што вчера се организираше во дворот на гимназијата „Јане Сандански“. Покрај шах се играа и повеќе друштвени игри. Настанот е дел од Струмица опен фестивал.

Прилог на Сузана Мицева

By Ѓ. K.