,,Убавите спомени за човечките и државничките особености на Претседателот Борис Трајковски и денеска не собраа пред споменикот „Македонија“ подигнат во негова чест и никогаш нема да дозволат да има заборав за него. Напротив, генерации и генерации ќе ја продолжат убавата приказна за него, бидејќи тој заслужи таков третман од севкупната јавност.
Во овој ден кога одбележуваме 16 години од прераното заминување на Претседателот Трајковски од овој свет, се потсетивме на најважните нешта кои го испишаа неговиот животен и професионален пат.
И понатаму ќе се прераскажува кој беше и каков беше Борис Трајковски, и тие прераскажувања ќе бидат пренесувани од колено на колено на сите идни генерации, затоа што тој го заслужи своето место во нашата историја,, објави градоначалникот Јаневски