• Fri. Nov 22nd, 2024

Огромен интерес и полна сала на трибината „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за машко и женско здравје“

ByЃ. K.

Nov 2, 2023

Полна беше салата во НУЦК „Антон Панов“ на трибината „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за машко и женско здравје“ во организација на струмичкиот СДСМ.

Градоначалникот Костадинов изрази благодарност кон струмичани кои ги поддржаа заложбите коишто се во служба на македонското здравство.

„Здравјето не признава политичка, етничка, верска или каква било друга припадност. Здравјето на луѓето секогаш треба да биде приоритет за одговорните политичари“, порача Костадинов.

На трибината зборуваа: д-р Маја Манолева – заменик министер за здравство, доц. д-р Венко Филипче – неврохирург, поранешен министер за здравство, проф. д-р. Сашо Дохчев – директор на Клиника за урологија, доц. д-р. Викторија Јовановска – директор на Клиника за гинекологија и акушерство и д-р Катерина Кузмановска – директор на ЈЗУ Општа Болница во Струмица.

By Ѓ. K.