Објавувал видеа на „Тик Ток“ како пука со пиштол, радовишанец заработи кривична
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с. Тополница, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
– Пријавениот неовластено држел, носел со себе и употребувал пиштол „ЦЗ 99“ калибар 9 мм, снимал со мобилен телефон и континуирано поставувал видео клипови на социјалната мрежа „тик ток“, на кои се гледа дека во рака држи пиштол „ЦЗ 99“ калибар 9 мм и каде испукува проектил од него, стои во соопштението од МВР.