На овогодинешниот Струмички карневал ќе има 47 карневалски маски и преку 1000 учесници од Македонија и регионот.
Поворката ќе ја отворат карневалисти од Кукуш, Грција, а последни ќе се претстават гостите од Турција.
Како и секоја година дефилето ќе го предводи кралската свита со принцот и принцезата кои ќе бидат избрани на Маскенбалот во хотелот „Сириус“.