На 12 август стартува прволигашкиот фудбалски шампионат на Македонија. Според ждрепката Академија Пандев прволигашките дуели ги започнува од домашен терен со Македонија ГП, додека Беласица во гости со прилепска Победа. Двата струмички прволигаши првото градско дерби ќе го играат веќе на 19 август во рамките на второто коло. Домаќин ќе бидат струмичките сино бели односно тимот на Беласица на стадионот Младост.
Двата струмички прволигаши се среќаваат и во октомври. Во рамките на 11 коло кога Аакдемија Пандев е домаќин на струмичка Беласица
Беласица и Академија Пандев ќе одиграт два меча и во пролетниот дел од прволигашкиот шампионат. На 24 февруари идната година во рамките на 20 тото коло Беласица повторно ќе биде домаќин на градскиот ривал а возвратниот меч. каде Пандевци се домаќини ќе биде на 21 април 2019 во рамките на 29 коло