• Fri. Nov 22nd, 2024

Објавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година

Објавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година

Министерството за економија го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година.

Од владата претходно рекоа дека обезбедени се 60 милиони денари за над 7.500 домаќинства со ниски приходи, кои ќе добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари во 2022 година.

Согласно програмата финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа: за самец до 15.194 денари; за домаќинство со два члена до 18.000 денари; за домаќинство со три члена до 21.000 денари; за домаќинство со четири члена до 25.000 денари;  за домаќинство со пет или повеќе члена до 30.000 денари.

Доделувањето на финансиската поддршка ќе се врши по принципот на најниски примања по домаќинство во 2021 година, во секоја од категориите сѐ до исцрпување на предвидените средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година за оваа намена, велат од Владата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *