• Mon. Nov 25th, 2024

Објавен е Јавен повик за Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица

ByЃ. K.

Jan 26, 2024

Објавен е Јавен повик за изработка на Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот (2025-2030) и Програма за енергетска ефикасност на Општина Струмица за периодот (2025-2028).

Целта на овие стратешки плански документи е да се дефинира долгорочен развој на енергетскиот сектор во Општината за да се обезбеди сигурно, ефикасно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија и да се зголеми учеството на обновливите извори на енергија.

Право на учество на Јавниот повик имаат сите заинтересирани стручни лица кои се подготвени и имаат искуство во областа на енергетската ефикасност во изготвување на вакви стратешки документи.

Јавниот повик трае десет 10 дена од денот на објавувањето на веб страницата на Општина Струмица

https://strumica.gov.mk/јавен-повик-за-изработка-на-стратешки/

By Ѓ. K.