„На нашиот другар, пријател, фудбалски работник Ѓорѓе Џонов му претстои најважниот натпревар во животот, да ја победи болеста. За тоа, итно се потребни 100.000 евра за лекување и престој во Турција, сума која е недостижна за него. Затоа, да бидеме хумани, да помогнеме заедно во престојниот натпревар, кој значи живот“, стои во апелот од неговите најблиски и фудбалски работници
Станува збор за фудбалер од валандовско Пирава кој има играно и за струмичка Беласица
Отворена е телефонска линија на мрежата на А1. Со еден повик на телефонскиот број 143 460 донирате 100 денари. Исто така отворена е телефонска линија и на Т мобиле 143 113