• Sat. Nov 23rd, 2024

Обука за урбана отпорност во Струмица

Комшијата, најдобро му помага на комшијата во случај на катастрофи. Ова искуство го извлече Блаканскиот полуостров, по големите поплави што го зафатија регионот во 2014 година, тврдат експертите. Затоа, почна процес на градење акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа, во кој се вклучени и струмичките инстоитуции кои работата со цивилна заштита, спасување и управување со кризи.

Овој проект е конципиран н атој начин што ги делиме најдобрите искуства од регионот. Иницијативата потекна од поплавите од 2014 кога разбравме дека ниедна држава сама не може да ги реши проблемите. Во случај на катастрофа комшиите најдобро им помагаат на комшиите. Сите опасности се прекугранични, па и по прашањето на поплави и на пожари. Затоа треба нашиот одговор да биде единствен и заеднички, на сите локални самоуправи и сите институции, вели Крунослав Катиќ, експерт од Хрватска.

Смета дека европските искуства може да се имплементираат не во решавањето на ризиците, туку нуивно управување и превенирање.

Целиот концепт се темели на управување со ризиците. Така ако имаме податок дека до 2025 година, температурата во градот, на пример Скопје, ќе се зголеми за 2 степена, тогаш локалните власти треба да донесат регулатива со која сите инвеститори во станбен објект со рамен покрив, треба да изградат зелени градини. Тие градини од една страна ќе ги намалат температурите на воздухот, од другга страна ќе примат вода во случај на многу дожд и ќе помагаат против поплави.

Проектот се спроведува во рамки на „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“, кој е заеднички проект на ЕУ и Програмата за развој на ОН (УНДП), финансиран од Програмата за цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ECHO) во земјите на Југоисточна Европа. , освен во Македонија, се спроведува и во Србија, Косово, БИХ, Црна Гора, Хрватска и Албанија.

-Проектот ќе се реализира во наредните 24 месеци за кој се обезбедени 577 илјади евра. Акциската мрежа треба да создаде ефикасен систем за заштита од катастрофи за да се заштитат луѓето, животната средина и имотот на населението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *