• Fri. Nov 22nd, 2024

Обложувалниците и казината ќе може да работат онлајн

Економските оператори што организираат игри на среќа може да ја продолжат својата дејност онлајн, одлучи Владата, пренесе Макфакс.

„Со оваа уредба се обезбедува можност за наплата на приходи во Буџетот кои до донесувањето на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, се генерираа од обложувалниците, автомат клубовите и казината и кои престанаа да се наплатуваат бидејќи на 15 март 2020 година приредувачите на овие услуги ги затворија сите уплатно исплатни места и деловни простории во кои ги приредуваат игрите на среќа“, соопшти Владата.

Со уредбата, појаснуваат од таму, им се овозможува на обложувалниците, автомат клубовите и казината да ја продолжат онлајн својата дејност, со што, како што се наведува во соопштението, се создаваат услови да се сочуваат 7.500 работни места во оваа дејност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *