Договорена соработка помеѓу општина Босилово и Друштво за управување со отпад “НУЛА ОТПАД”.
Како резултат на соработката “НУЛА ОТПАД” донираше приколица за трактор за општина Босилово со носивост од 4 тони.
Во наредниот период, од страна на ” НУЛА ОТПАД”, ќе биде изграден и собирен центар за селекција на електронски отпад, а ќе бидат реализирани и низа едукативно превентивни активности за позитивните ефекти од селекцијата на отпадот.
Во наредниот период исто така ќе бидат реализирани активности за подигање на електронски отпад од домаќинствата