Ноќва започнува зимското сметање на времето, така што стрелките на часовникот во три часот наутро треба да се вратат еден час наназад, со што ќе се смета дека е два часот.
Македонија постапува во согласност со досегашните практики на менување на времето, така што во следниот период ќе почека на насоките од Европската комисија (ЕК), по што по деталните анализи ќе се одлучи какво време ќе биде прифатено ако дојде до некаква промена.