Нов мурал на македонскиот доајен Александар Џамбазов го краси ѕидот на ул. Орце Николов во Дебар Маало, близу Наџак. Муралот го насликаа уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка и е своевидно потсетување на музичкиот опус на македонскиот диригент, текстописец, композитор и основач на детскиот фестивал „Златно Славејче“.
По повод одбележување на неговото вечно заминување, на 25 јануари наредната година Општина Центар ќе организира настан со учество на познати македонски уметници и членовите на хорот „Златно славејче“.
Извор: Македонска поезија