• Fri. Nov 22nd, 2024

Ново Село и Сандански од соседна Бугарија, спроведуваат проект за Енергетска ефикасност

Родители и деца од Ново Село и од Сандански соседна Бугарија два дена учествуваа на работилницата за енергетска ефикасност што се спроведува во рамки на проектот „Енергетска ефикасност за градинките“ финансиран преку ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка 2014-2020. Гостите од Бугарија, оценуваат дека работата на сесиите била особено плодна што може да даде придонес и во секојдневниот живот.

Од Општина Ново Село се задоволни од досегашниот тек на реализација на проектот.

Пред неколку дена, Ново Село потпиша и договор за соработка со Ираклија од Грција за спроведување на проект од примарната здравствена заштита и набавка на здравствено возило преку кое треба да се подобри здравстствената услуга на жителите на оваа рурална општина.

Градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во неговото гостување во емисијата Вис а Ви, истакна дека како администрација, максимално ќе ги искористат можностите за реализација на проекти преку меѓународни фондови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *