Министерството за здравство соопшти дека денеска се потврдени 33 нови случаи на Ковид-19 со што вкупната бројка на дијагностицирани порасна на 1.572 лица. Оздравени се 22 пациенти, а почина едно лице.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 22 оздравени пациенти во: Скопје – 2, Куманово – 6, Штип – 3, Прилеп – 7, Тетово – 1, Струга – 1, Кочани – 2.
На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје, пренесува Макфакс.
Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 11, Куманово -2, Штип – 1, Прилеп – 5, Тетово – 2, Велес – 9, Битола – 2, Крива Паланка – 1.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.
Последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје – 526
Куманово – 404
Дебар – 51
Штип-35
Прилеп –1667
Тетово – 95
Струга – 67
Велес – 95
Битола –22
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-6
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2
Кратово-1
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се три пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација четири пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е еден пациент, а уште двајца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат четири пациенти, а на домашно лекување се следат три пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковид-19.