• Fri. Nov 22nd, 2024

Нови 3 случаи со корона вирус во земјата – заболени се роднини на брачниот пар од Дебар

Бројката на заболени од корона вирусот се искачи на 7. Нови три случаи се регистрирани во државата. Станува збор за роднини на брачниот пар од Дебар. Останатите петмина на кои се вршени тестирањата се негативни. Ова го објави министерот за здравство Венко Филипче на својата официјална фејзбук страница. 

Дали новите случаи на корона вирус ќе повлечат и други мерки засега не се знае. Надлежните апелираат за висока свест, присебност, одржување лична хигиена и одговорно однесување. Сите оние кои патувале во земјите кадешто има заболени од корона вирус, по враќањето во државата  да останат во изолација најмалку две недели. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *