• Fri. Nov 22nd, 2024

Нови 150 позитивни случаи на ковид, починаа четири лица

ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 84, Битола – 23, Прилеп – 9, Охрид – 5, Куманово и Гостивар – по 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струмица, Штип, Кичево, Делчево и Демир Хисар – по 2, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка, Виница и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (150), регистрирани се 27 реинфекции.

Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од: Скопје – 123, Битола – 23, Прилеп – 16, Кавадарци и Охрид – по 15, Штип – 7, Струга и Гевгелија – по 5, Кочани и Делчево – по 4, Куманово, Велес, Кичево, Дебар и Виница – по 3, Гостивар, Берово и Валандово – по 2, Тетово, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Демир Хисар (68г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лице од Скопје на возраст од 58 до 93 години. Пријавените лица се починати во периодот 12-17.03.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *