Нови кош-табли на спортските игралишта во општина Гевгелија.
Во тек е акцијата во Општина Гевгелија за замена настарите кош-табли со нови на постојните игралишта. По извршениот увид од страна на општинските надлежни служби за состоjбата на јавните спортски игралишта во Гевгелија и населените места, Општина Гевгелија покрена иницијатива за уредување на истите.
Се работи за монтирање нови кош-табли со челична рамка електростатски офарбана, со дебелина од 6 мм. транспарентен плексиглас офарбани со црно-бели линии, со димензии 180×150 цм.
Ќе следи и фарбање на столбовите. Акцијата се реализира во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Имено, пред поставувањето нови кош-табли на теренските игралишта во Гевгелија и населените места, преку машинското одбележување на хоризонталната сигнализација, за првпат струмичката фирма „МС СТОП ИНЖЕНЕРИНГ“ изврши и обележување на истите, со интензивна сино-жолта боја, а на центарот стои грбот на Општина Гевгелија.
– Со оваа акција и претходно машинското обележување на терените, игралиштата добиваат комплетен изглед. Ова е дополнителен мотив за младите активно да спортуваат и да го негуваат златното правило- „Во здраво тело здрав дух“. Општината води грижа за младите да имаат уредени терени, на кои освен што ќе спортуваат, ќе развиваат и зацврстуваат другарства, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, откако игралиштата веќе го добиваат комплетното уредување.