• Sat. Nov 23rd, 2024

Нови и модерни технологии во градинарството

Земјоделците до село Муртино се едуцираа за нови и модерни технологии во градинарското производство. Ова беше темата на трибината којашто се одржа вчера во основното училиште „Маршал Тито“ во ова населено место.

Трибината се одржа во рамки на проектот „Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско,с.Муртино и с.Робово“, а целта на овој проект е воведување на нови технологии и знаења за квалитетно и здраво градинарско производство кај градинарите преку искористување на тековните програми и фондови за нови инвестиции. Во текот на проектот ќе бидат презентирани најновите достигнувања во земјоделието.


Предавачи на трибината беа Борче Јанев – координатор на проектот, кој ги запозна присутните со целите и активностите на проектот, професор Томе Тимов којна присутните им ги презентираше новите технологии во градинарското производство и Стојан Глигоров кој зборуваше за начинот на искористување на тековните програми за подршка на фармерите за инвестирање во нови технологии.


Овој проект се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија (ЕУ) ,спроведувана од програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).
Со свои средства учествува и Општина Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *